Турската лира продолжува да паѓа


Турската централна банка не успеа да го запре падот на лирата, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД за намерен обид да наштети на економијата во државата.

-Заедно сме во НАТО, а потоа барате да го прободете својот стратешки партнер во грб. Може ли такво нешто да се прифати? – рече Ердоган.

Вредноста на турската валута годинава опадна за 40 отсто, во петокот забележа пад од 16 отсто, а денеска уште седум проценти.