Сè уште се бара решение за зградата кај Мајчин дом
Сè уште се преговара со сопственикот на земјиштето кај Мајчин дом. Градоначалникот Златко Марин вчера информираше дека се надева на позитивно решение, што ќе значи дека на парцелата нема да се гради деветкатница. Според него, мораториум за градење не е решение за вакви случаи, туку е само одолговлекување. Минатата недела општински инспектори ја стопираа изградбата на 15 дена поради неправилности на градилиштето.
„Вцртана маркичка не може да се избрише, според Правилникот на Министерството за транспорт и врски, кој сè уште е актуелен. Решението го бараме во обесштетување на сопственикот. Сè уште не сме разговарале за одредена сума, но тој изјавува дека потрошил од пет до шест милиони евра за купување на земјиштето и за комуналиите што ги платил на Град Скопје и општина Аеродром. Не разговараме за изгубена добивка“, вели Марин.