Схинас: ЕК сака да внесе динамика во односите со Западен Балкан
Цел на претстојната посета на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на земјите од Западен Балкан ќе биде на нивните лидери да им ја претстави Стратегијата на ЕК, но и обновата на динамиката и интересот на ЕУ за регионот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.
– Основна порака на посетата ќе биде суштината на Стретегијата од 6 февруари, која претставува сеопфатен пристап кон Западниот Балкан и тоа не само во смисла на големата политичка и геополитичка важност на регионот за Европа, туку и во нагласување на шесте посебни области кои ќе бидат ’рбетот на тој нов пристап, нагласи Схинас.
Тој истакна дека за време на посетата Јункер на лидерите и на граѓаните од Западен Балкан ќе им ја пренесе „веродостојноста на пораките што доаѓаат од Брисел“.
Според Схинас, на крајот на посета Јункер ќе има заеднича средба со сите лидери од регионот и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
– Тоа е важен чекор во пресрет на претстојниот Самит на Западен Балкан и ЕУ, кој е планиран за 17 мај. Ова е уште еден доказ за обнова на динамиката и интересот што Европската комисија сака да ги внесе во односите со пратнерите од Западен Балкан, рече Схинас.
Посетата на Јункер на земјите од Западен Балкна почнува на 25 февруари со посета на Скопје и Тирана, од каде ќе отпатув за Белград (26 февруари), а потоа за Подгорица (27 февруари). На 28 февруари тој ќе ги посети Сараево и Приштина, по што на 1 март во Софија ќе се одржи најавената средба со Борисов и сите лидери од регионот. На средбата во Софија е најавено присуство и на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и на еврокомесарот за проиширување и соседска политика Јоханес Хан.
Според најавите од Брисел, при посетата не секоја од државите од Западен Балкан, Јункер ќе има средби со претседателите, премиерите, лидерите на водечките политички партии и со претставници на парламентите и невладиниот сектор. Предвидено е Јункер да има и јавни настапи во форма на прес-конференции или обраќања пред парламентите или на собири