СП 2018: Напаѓач на Шведска отиде на интервју наместо на допинг-тест


Напаѓачот на Шведска, Маркус Берг може да биде казнет од ФИФА за тоа што наместо на допинг контрола отишол на интервју за медиумите по натпреварот од Светското првенство против Германија (1:2).

Службеник на ФИФА побарал мостра од Берг веднаш по дуелот, но тој одлучил да разговара со новинарите.

Сепак, во шведскиот состав се убедени дека не се случило ништо фатално, а самиот Берг го нарече инцидентот недоразбирање.

Треба да се напомене дека напаѓачот сепак бил подложен на допинг тест по разговорот со претставниците на медиумите.