СП 2018: Аргентинците вежбаат пенали


Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, сака да ја подготви неговата екипа за сите опции пред осминафиналниот натпревар против Франција.

Аргентинската репрезентација во групната фаза прикажа игра под очекувањата, а тројцата голмани Франко Армани, Вили Кабаљеро и Нахуел Гузман пред денешниот тренинг на барање на селекторот бранеа пенали.

На тренингот се појави и Енцо Перез, кој вежбаше со остатокот на екипата иако е полесно повреден.

Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со Франција, а натпреварот се игра утре во терминот од 16:00 часот.