Сите во Русија: Во еден по полноќ, влезници за финалето


Изненадувачки, хрватскиот фудбалски сојуз синоќа во еден часот по полноќ, објави дека добил уште 1.200 влезници за финалето од Светското првенство. Кој бил буден и ја следел страницата на ХНС, доби неверојатна шанса да го следи големото финале. Цената – ситница, околу 400 евра за влезница плус пат до Русија. Големото финале е утре со почеток во 17 часот. Дочекот на хрватската репрезентација во Загреб е закажан во понеделник од 14.30 часот.