СЗО: Опаѓа бројот на заболени од туберкулоза во Европа


Бројот на нови пациенти со туберкулоза се намалува со просечна стапка од 4,3 отсто годишно во Европа, соопштија Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација (СЗО).

Но овој тренд не е доволен за да се постигне целта за ставање крај на епидемијата на туберкулоза до 2030 година.

СЗО ги повикува државите да ги забрзаат напорите и еднаш засекогаш да ја искоренат туберкулозата.

– Акцискиот план за туберкулоза за европскиот регион во периодот 2016 – 2020 година покажува дека со храбри акции во овој регион за пет години ќе се спасат над 3 милиони животи и 48 милијарди долари – соопштија од СЗО.