Се сруши ѕид од зграда во Нови Сад, дневната им остана надвор


Ѕид од зграда во Нови Сад се сруши, а собите на станарите буквално останаа под отворено небо, јавуваат српските медиуми.

Луѓето слушнале силен звук и тресење, а подоцна сфатиле дека зградата им се распаѓа.

Како причина за рушењето се наведува изградбата на друга зграда веднаш до срушената.

Инвеститорот, кој ги поткопал темелите немал дозвола за градба , а требало да изгради зграда со 29 станови. Од таму тврдат дека на оштетените граѓани им понудиле превоз и времено сместување, како и дека ангажирале агенција за недвижности за да им најде трајно сместување на станарите на срушената зграда.

За среќа, ниту еден од оштетените станарите не е посериозно повреден.