Се роди павијанче, таткото главна дадилка
Мало павијанче се роди пред два дена во Зоолошката градина во Скопје. Од таму велат дека сè уште нема име бидејќи не се знае дали е машко или женско. Мајката не го испушта од вид, а таткото, несвојствено за овој вид мајмуни, е многу посветен и постојано го нишка, велат во Зоолошката. Ова е второ бебе на оваа мајмунка и прво павијанче родено годинава.