Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија
Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија.
Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот.
Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди