„Република Илинденска Македонија“ е погрешно на албански


Утната е албанската верзија за предложеното име. Албанските лингвисти забелезуват дека  “Република Илиндитасе е Маќедонисе” (Republika Ilinditase e Maqedonisë) има два дефекти.
Прво е што зборот “илиндитас” не постои и членувањето може да биде единствено “илинденас” бидејќи основата е зборот “илинден”.
Дополнително и важно во контекстот за името, во албанската верзија придавката “илинденски” се однесува на Републиката, а не на Македонија. Ова е сосема различно од предложеното име. Во албанскиот јазик, придавката доаѓа на крајот и овој случај може да биде “Republika e Maqedonisë së Ilindenit” или пак членувано како “Republika e Maqedonisë Ilindenase”. Во секој случај, придавката е на крајот.
Пратеникот на ДУИ Артан Груби потврдил за Клан Косова дека зборот “илиндитас” во албанскиот речник допрва треба да биде вметнат, и дека до тоа решение биле консултирани многу јазичари. Сепак, останува нејасно кои експерти дошле до ова решение.
Професорот Веби Беџети за ИНА изјави дека преводот на името е граматички погрешен, бидејќи е преведен како Илин-дит, каде што зборот “ден” е преведен на албански во “дит”.