Рама во Елбасан пречекан со протест


Премиерот Еди Рама доцна попладнево беше дочекан со протести во градот Елбасан, каде допатува на средба со група просветни работници, пред почетокот на новата учебната година, која во Албанија почнува на 17 септември.

Протестот организиран од Унијата на млади на опозициската Демократска партија, која денеска одржа средба во овој град, заедно со раководствата и пратениците од обединетата опозиција.

На протестот учествува и симпатизери и граѓани кои во раце држеа пароли на кои, меѓу другото пишуваше „Нарко владата да си замине“ „Елбасан на граѓаните а не на бандите“ „Стоп на заминувањето од Албанија“… а извикуваа и „Рама оди си“.

Полициските сили направија жив ѕид, задржувајќи ги демонстрантите на оддалеченост, кога премиерот пристигнуваше на средбата.

Средбата, која се одржа во гимназијата „Даскал Тодри“ траеше околу половина час, по што Рама си замина.

Со цел да ја смири ситуацијата, која на моменти беше тензична, директорот на Регионалниот полициски комесаријат-Елбасан, Алтин Ќато, во неколку наврати раговараше со пратеникот од Демократската партија, Лучиано Бочи, кој беше на протестот. Според Ќато организаторот претходно не го најавил и немал дозвола за протестот.

Ова не е првпат Рама да биде пречекан со протести. Во мај и јуни со протести беше пречекан во Валона, Фиер, Лушња, Елбасан, Церик, Балш каде престојуваше во рамки на Националниот саем за вработување.