Ракометарите на Металург изгубија од Силкеборг


Ракометарите на Металург претрпеа пораз од 33:25 на гостувањето во Данска кај Силкеборг во натпревар од четвртото коло во групата Ц од Лигата на шампионите.

Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. Потоа, Металург ги искористи грешките на фаворизираните домаќини и успеа да поведе и во 19-та минута имаше два гола предност (10:12). Но, македонските ракометари немаа сила до крајот на првото полувреме да ја задржат предноста и му дозволија на Силкеборг да воспостави контрола на теренот и да поведе, а на паузата резултатот беше 16:14.

Во второто полувреме домаќините се наметнаа со сопствената игра и постојано ја зголемуваа разликата, а на крајот реализираа висока победа од 33:25. За тимот од Автокоманда ова беше четврт пораз во низа во ЛШ, откако претходно загубија од Спортинг, Бешикташ и Татран Прешов.

Металург во следното коло гостува кај Чеховски медведи