Путин посака добредојде, Светското првенство почна


Рускиот претседател Владимир Путин им посака добредојде на сите 32 учеснички на Светското првенство во фудбал што од денеска до 15 јули ќе се игра во Русија. Тој рече дека фудбалот е повеќе од игра, туку обединувачки фактор во љубовта.

Светското фудбалско првенство, што се игра во Русија офивијално беше отворено со свечена церемонија на стадионот „Лужники“ во Москва.

Познатиот пејач Роби Вилијамс, кој беше централна фигура на церемонијата, ја загреа публиката со своите најпознати хитови, шри што друштво му правеше оперската пејачка од Татарстан, Аида Гарифулина

Пред почетокот на церемонијата, легендарниот шпански голман Икер Касиљас и го покажа на публиката легендарниот трофеј на Светското првенство.

Во 17 часот стартува првиот меч меѓу селекциите на домаќинот и на Саудиска Арабија.