Првaта дама на САД воодушевена од пандата Гу Гу

Меланија Трамп на Твитер сподели слики од зоолошката градина во Пекинг, која ја посети при нејзиниот престој во Кина. Панда Гу Гу има 120 килограми и навидум е многу питома и мила, но таа досега нападнала тројца и тешко ги повредила.
– Колку е прекрасно да се запознае Гу Гу, напиша првата дама на САД, по нејзината посета на Кина.
Покрај учеството во официјалниот протокол на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, и фотосесијата на Кинескиот ѕид, Меланија Трамп, исто така, ја посети зоолошката градина во Пекинг, каде што беше шармирана од пандата Гу Гу. Меланија клекна и ја галеше шепата на пандата.