Првиот хотел „Меркур“ во Македонија отворен во Тетово
Синоќа во центарот на Тетово се отвори првиот хотел „Меркур“ во Македонија кој е дел од хотелскиот синџир на АКОРД Груп, кој има над 4.000 хотели во светот.
Хотелот Меркур има капацитет од 101 соба, а покрај вообичаениот ресторан, нуди и панорамски ресторан со поглед од 360 степени. Вредноста на инвестицијата изнесува 8 милиони евра, а хотелот ќе вработи речиси 80 лица.
Сопственикот Шефки Идризи нагласи дека целта како инвеститор е да создаде убава градина за туристите и нивно запознавање со природните ресурси во земјава.
„Ние денес можеме на Тетово да му понудиме можност да има одлична куќа во градот каде може да се организираат свадби и други деловни настани, има сали за состаноци, хотелски соби… Прекрасен ресторан, а на кровот на објектот има ресторан со визуелен поглед од 360 степени од каде се гледа од Глобочица до Гостивар и верувам дека нашата инвестиција ќе му помогне на Тетово да го зголеми нивото на туризам“, рече сопственикот, Шефки Идризи.
(Алсат-М)