Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп


Втората фаза на експресниот пат Градско – Прилеп почнува денеска со изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 16 километри.

Станува збор за проект вреден 23 милиони евра што ќе трае две години.

Изведувач е италијанската компанија Тирена Скави.

Почетокот на втората фаза ќе го означат премиерот Зоран Заев и министерот за танспорт и врски Горан Сугарески.