Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров
Вечерва, на 72-годишна возраст, почина професорот Божидар Димитров јавија бугарските медиуми.
Божидар Димитров беше поранешен долгогодишен директор на бугарскиот Национален историски музеј и автор на десетици книги посветени на бугарската историја.
Бугарските медиуми јавуваат дека Димитров починал пред зградата во која живее, додека ја чекал ќерката, која денеска имала роденден, да помине и да ги земе родителите за да одат и заедно да прослават. Тој одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата.
Божидар Димитров беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.