Поради снимање филм посебен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“


Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“.

Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.