Поп-пејачката Бојана Скендеровски прозборе за мајчинството: Сопругот најмногу ми помага околу Искра
Поп-пејачката и авторка на Тв емисијата „Улица Македонија“ Бојана Скендеровски пред пет месеци стана мајка. Улога во која прв пат се најде во животот. Вели, грижата околу бебето ја направило поодговорна и несебична, заборава на егото и на личните приоритети. Иако сега животот и се врти околу малата Искра, таа ја почна новата сезона на многу гледаната емисија „Улица Македонија“ која е малку концепциски променета.
Со Бојана поразговаравме околу сите предизвици да бидеш мајка, а истовремено и добра сопруга и професионалец во работата.
Стана мајка, а јавноста не ни знаеше дека си бремена. Нешто слично како бременоста на Ана Курникова и Енрике Иглесијас. Намерно не се експонираше или такви беа околностите?
-Намерно не се експонирав,сакав тој блажен период да го поминам тивко и мирно,и го чував само за себе и Васко,искрено малку е премногу и постојаното сликање за портали и весници како што практикуваат други,сепак таа состојба е посебна и интимна и треба да се помине така.
Каква ти беше бременоста? Се поправи ли многу, и дали се врати во форма?
-Се поправив премногу хаха,ама па пробав сѐ што ми побара душата,и за што предходно пред бременоста не ни помислував,но свесна бев дека после породувањето ќе морам многу да се жртвувам за да се вратам во форма.Така и се случи. По само три месеци од породувањето ја започнав хроно исхраната од која ослабев 12 кг за неполни два месеца. Моментално сум само на уште 6 кг плус до мојата идеална тежина,и продолжувам со истиот ритам.
Што посакувавте? Машко или женско, или само да е живо и здраво?
-Васко имаше желба да е девојче и му се оствари,а јас немав нешто посебно размислувано на таа тема,сепак само посакувавме да е живо и здраво.
Какво бебе е Искра?
-Искра е спокојно но истовремено и многу темпераментно бебе,сега е во фаза на гугање и мазење,покажува приврзаност и љубов,питома е,сака луѓе околу неа.
Колку мајчинството ти го смени животот? Што очекуваше а што те изненади?
– Кога една жена ќе стане мајка,од нејзината личност се создава друга димензија,сосема поинаква од предходно,заборавате на его трипот,на своите лични приоритети,и пред вас имате едно мало човеченце од 4 кг кое е комплетно зависно од вашата грижа,е таа димензија од вас ве прави поодговорни,несебични,и погрижливи.Сите непроспиени ноќи и болки во грбот ги заборавате во моментот кога вашето бебе наутро ќе ве погледне со оченцата,и ќе ги подаде рачињата да ве гушне…
Ти помага ли сопругот околу бебето?
-Премногу,и буквално во сѐ,особено сега во овој период кога морав да ја почнам новата сезона од емисијата „Улица Македонија“.
Како ти поминува денот?
-Денот ми е мал со 24 часа,стануваме рано,и почнуваат авантурите. Искра се пресоблекува,па пиеме чај,па млеко,па играме,пееме,гледаме цртани,паралелно јас спремам материјали за емисијата,но генерално Искра е во преден план,сега кога се разубаве времето излегуваме и во прошетки.
Кои ти се плановите околу кариерата? Се уште е актуелна твојата емисија „Улица Македонија“.
-Емисијата „Улица Македонија“ ја има својата трета сезона на Тв 24,се промени сценографски и малку концепциски,но генерално тоа е тоа,правиме профилни интервјуа на јавните личности од нашата земја и пошироко.Уживам во ова што го работам.
Ќе и се вратиш на музиката или ќе продолжиш со емисии?
-Емисиите ќе продолжат секако,а на музички план веќе долго време чекам да ми се случи добра песна…..
Л. Сабит