Повторно може да се приватизира државна земја
Со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост граѓаните повторно добија можност да бараат приватизирање на замја во државна сопственост. Барањата се доставуваат во Управата за имотно правни работи. Предходниот законски рок измина на 15 декември 2014.
Документите што треба да се приложат кон барањето се: фотокопија од лична карта или пасош, правна основа врз основа на кое е стекнато правото на користење на земјиштето (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен орган) и податоци за земјиштето, односно имотен лист од катастар на недвижности или поседовен лист од катастарот на земјиштето.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи во општината во која се наоѓа земјиштето. Крајниот рок за поднесување на барање за приватизација на државно градежно земјиште е 31 декември 2021 година.