Победникот на Евровизија Салвадор Собрал избран за најдобар млад европски пејач
Победникот на Евровизија Славадор Собрал е еден од десетте добитници на ЕББА наградите за 2018 година што се доделуваат во рамките на престижниот фестивал Еуросоник Нурдеслаг.
ЕББА (European Border Breakers Awards) секоја година наградува по десет пејачи од Европа кои во изминатата година најдобро се пласирале надвор од својата матична земја.
Португалецот Собрал несомнено ги собра симпатиите на европската јавност со неговиот едноставен и емотивен настап на Евровизија. На соопштувањето на имињата на победниците, тој не присуствувал поради здравствените проблеми со кои се соочува.
Церемонијата на врачувањето на ЕББА наградите традиционално се одржува во средината на месец јануари во Гронинген, Холандија, а редовен домаќин на шоуто е познатиот водител Џулс Холанд.
Оваа европска награда се смета дека ги наградува оние кои подоцна прават вистински бум во кариерата. Меѓу наградените во минатото се и Адел, Хозиер, Стромае, Селах Су, Индила, а меѓу десетте победници за 2017 година беше и Дуа Липа.