Папата свика состанок со националните црковни поглавари поради скандалите со сексуално злоставување


Папата Франциско ќе се сретне со националните водачи на Католичката црква за да разговара за можностите за заштита на децата од злоставување на свештеници, објави денеска Ватикан.

Состанокот со претседателите на националните епископски конференции ќе се одржи во Ватикан од 21 до 24 февруари.

Советот, деветчлена група, кој го советува папата за внатрешни црковни реформи, во голема мерка разговараше со папата Франциско за случаите на злоставување, се додава во соопштението.

Папата се соочува со зголемен притисок за темелно решавање на проблемите по серијата скандали во Чиле, Австралија и САД.