Паоло Скарони именуван за нов претседател на Милан
Aмериканскиот инвестициски фонд „Елиот менаџмент“, кој неодамна ја презеде контролата над италијанскиот фудбалски клуб Милан, го отстрани од функцијата кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли и го постави Паоло Скарони за нов привремен претседател на клубот.
Отказ доби и досегашниот извршен директор на клубот Марко Фасоне, но сè уште не е познато кој ќе ја преземе оваа функција.
Воедно беа разрешени и членовите на управата, а на нивно место инвестицискиот фонд именуваше нови.
Новиот претседател Скарони најави промени во клубот, а во прилог на новото раководство оди и одлуката на УЕФА да ја прекине забраната за Милан да учество во европските натпревари.