Пандев и Ангеловски гласаа за Модриќ


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, како и селекторот Игор Ангеловски своите гласови за најдобар светски фудбалер му ги дадоа на Лука Модриќ, кој и ја доби престижната награда од ФИФА. Покрај македонските преставници, и најголем дел од соседните земји, односно од регионот го прогласија Хрватот за најдобар во светот. Загрепските медиуми пишуваат дека и Џеко (БиХ), Јоветиќ (Црна Гора), Јокиќ (Словенија), Џуџак (Унгарија) и Ујкани (Косово) му дадоа пет гласови на капитенот на „коцкестите“, додека Коларов (Србија) го стави на третото место после Меси и Де Брујне. Самиот Модриќ гласовите ги дал за Варане, Роналдо и Гризман.

Кога се во прашање селекторите, покрај Ангеловски, за Модриќ гласаа и Панучи (Албанија), Просинечки (БиХ), Роси (Унгарија), Тумбаковиќ (Црна Гора), Кавчиќ (Словенија), додека Крстаиќ (Србија) не го стави ниту меѓу првите три: Роналдо, Азар и Гризман.

За Модриќ гласаа и Рамос, Меси, Левандовски, Фалкао, Азар…