Пазар
Купи-продај.
Поевтино – поскапо.
На ти-дај ми.
На тезга, под тезга, здраво или скапано.
Секој сака да ќари, највеќе да се ценка, кога може да ве прејде, и никој неќе да е во загуба.
Така е на македонскиот пазар.
За овошје и зеленчук, економскиот, политичкиот и во парламентот.
Најгужва е за пазарните денови.
Тогаш е подобро да не излегувате од дома или да вклучувате ТВ.
Препорачливо е да отворите четири очи, да си го чувате новчаникот и да сте ментално и физички издржливи.
Различен пазар-различни цени, снабденост, понуда и услуга.
Зависи во кој дел од Скопје, Македонија и Европа се пазарувате.
На пазар како и во животот најдобро поминуваат вештите, искусните, итрите и мангупите.
Најлошо-наивните, добродушните и принципиелните.
Ама учите додека сте живи, а пазарот е најдобра школа.
Не секој есап од пазарот излегува како што сте се надевале.
Некогаш дома се враќате со празни торби, а некогаш со полни.
Исто и во животот.
А како излегувате со домашниот пазар!
Прашајте ја сопругата!