Отмени принцези: Кејт и Меган во салонки на „Маноло Бланик“
Англија– Меган Маркл и војвотката Кетрин ги придружуваа принцовите Хари и Вилијам на церемонија во Лондон по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот.
Двата кралски парови зрачеа со елеганција и префинетост додека се упатуваа во Вестминистерската катедрала.
Меган блесна во бело палто од Аманда Вејкли и соодветна беретка, додека бремената војвотка се појави во тегет креација од луксузниот бренд „Beulah London“.
И двете носеа слични тегет салонки на „Маноло Бланик“.