Нови патеки и паркинг за велосипеди во Аеродром  


Општина Аеродром ќе гради паркинг за велосипеди и нови велосипедски патеки. Ова го договорија општинарите и претставници од неформалното здружение „НаТочак“ на вчерашната средба. Заеднички констатирале дека неопходни се и нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите.

„Ќе се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед“, информираат од Општината.

Градоначалникот Златко Марин најавил дека заедно со вработените во Општината на 9 февруари на работа ќе дојдат со велосипед и така ќе се вклучат во акцијата за одбележување на интернационалниот ден „Winter Bike to Work Day“.