Наинголан казнет поради успивање


Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано пропуштен тренинг. Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање.

  • Фудбалски клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината, соопштил извор близок до клубот.

Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со Наполи закажан за в среда на 26 декември.

Наингголан се пресели ова лето во Интер од Рома за 38 милиони евра плус Николо Заниоло во пакет. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари и постигна три гола