Навивач на ЦСКА Москва почина во Белград


Навивач на рускиот фудбалски гигант ЦСКА Москва почина во српскиот главен град Белград, неколку часа пред натпреварот на „армејците“’ против Црвена Ѕвезда од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, кој се игра во моментов.

Рускиот навивач починал од срцев удар.

Трагедијата не е поврзана со судири меѓу приврзаниците на двете екипи.