Модриќ: Сакав Меси и Роналдо да дојдеа на доделувањето на наградата


Ден после добивањето на наградата за најдобар светски фудбалер, Лука Модриќ се појави на тренингот на Реал Мадрид, имајќи предвид дека веќе утре гостуваат во Севилја.

„Никогаш не сум се гледал надвор од Реал. Би сакал тука да ја завршам кариерата, но ќе видиме што ќе биде во иднина, затоа што ова е исклучително захтевен клуб. Потребно е да се оди чекор по чекор, година по година. Можам само да им ветам на навивачите дека ќе продолжам да давам се од себе“, изјави хрватскиот репрезентативец.

Во „кралскиот клуб“ пристигна од Тотенхем во 2012 година. Вели дека од тогаш многу му помогнал Предраг Мијатовиќ, поранешниот црногорски напаѓач.

„Од доаѓањето овде, тој е многу важен во мојата кариера. Има дел во моите награди“, рече Модриќ.

 

Хрватот ги доби сите три престижни награди годинава: најдобар европски, најдобар светски и најдобар фудбалер на Мондијалот во Русија. Изостанокот на Меси и на Роналдо на церемонијата на доделувањето на наградите во Лондон предизвика гнев во спортската јавноста која оцени дека славните играчи не знаат да прифатат пораз. Сепак, Аргентинецот никогаш не играл заедно со Модриќ, згора не беше ниту номиниран за најдобар фудбалер, а својот глас го дал за Хрватот што можеби е мало оправдување за Меси…

„Не знаев дека Меси гласал за мене, баш ми е драго. Заедно со Роналдо се најдобрите, но сега зборуваме исклучиво за последната година. Сакав да бидат присутни на цереномијата“, изјави Модриќ.