Меркел: Германија треба да реагира ако некој користи хемиско оружје


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред Бундестагот дека федералната република треба да е подготвена да реагира доколку во воени зони биде употребено хемиско оружје.

Меркел, пред пратениците рече дека „едноставно кажано, не можеме да гледаме настрана ако некаде се користи хемиско оружје и не се почитуваат меѓународните договори, тоа не може да биде одговор”.

Мнозинството Германци се противат на учеството на нивната земја во борбени мисии. Помалиот коалициски партнер – социјалдемократите, се категорично против какво било вклучување во војната во Сирија.

Во понеделникот германскиот таблоид „Билд”, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека Министерството за одбрана ги проучува, по барање на САД, можностите за некаков вид идно учество на Германија во воени дејствија доколку сириската влада изврши нови хемиски напади.