Македонците се трети во регионот според заработувачката по саатница


Реформите на пазарот на трудот се приоритет за владите на земјите од Западен Балкан. Според статистичките податоци, овие земји заостануваат зад просекот на ЕУ. Иако работниците во Албанија имаат најмногу работни часови во Европа, тие се на дното на европската листа, кога станува збор за заработувачката.

Продуктивноста на трудот најдобро се мери со соодносот на БДП и потрошените работни часови.

Во Хрватска индикаторите за продуктивноста на трудот се подобри, но тие се без тренд на раст. Босна и Херцеговина заостанува во однос на земјите членки на ЕУ и продуктивноста е на ниво од 31% од просекот на ЕУ во 2015 година.

Според продуктивноста на трудот, земјите од регионот се наоѓаат во златната средина на листата објавена од страна на агенцијата на ОН за промовирање на социјална правда и меѓународно признаените човекови и работнички права.

На листата од 189 земји, објавена од Меѓународната организација на трудот (ILO), од земјите од Западен Балкан најдобро е рангирана Хрватска, која е на 56. место. Во таа земја работникот минатата година бил платен во просек со 54.598 долари годишно, што е 27 долари по час.

Работниците во Црна Гора биле платени во просек по 22 долари, а во Македонија 20 по час.

Под дваесет долари годишно заработуваат работници во Босна и Херцеговина (18), Србија (13) и Албанија (12).

Најпродуктивни земји во светот се:

1. Ирска – 83,1 американски долари
2. Луксембург – 81,2
3. Норвешка – 79,2
4. Белгија – 64,6
5. Данска – 63,5
6. САД – 63,3
7. Холандија – 61,7
8. Франција – 60,0
9. Германија – 59,9
10. Швајцарија – 58,0

Статистичките податоци покажуваат дека работниците во Албанија работат 42,9 часа неделно, што е 2.231 часа годишно. И покрај високиот неделен фонд работни часови, албанските работници заработуваат најниски саатници во Европа и се на 99. место на светската листа.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), најпродуктивни се работниците во Ирска, кои биле платени со 83,1 долари на час. Следуваат работниците во Луксембург и Норвешка, а САД се наоѓаат на шесто место.

(Ал џезира)