Кeрбер ја совлада Серена и го освои женскиот Вимблдон


Германската тенисерка Анжелик Кербер во финалето на женскиот Вимблдон ја совлада фаворитката Серена Вилијамс со 2-0 во сетови. Кeрбер со победата стигна до својата прва титула на гранслем турнирот и прва Германка по Штефи Граф во 1996 година, која успева да го освои трофејот во Лондон.

Женското финале траеше само 65 минути, во кои Кeрбер двата сета ги доби со резултат 6-3.

Серена Вилијамс, по поразот останува со освоени 23 гранслем титули.