Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао


Косово акредитира амбасадор во Гвинеја Бисао во рамки на неговата кампања низ африканскиот континент.

Рамадан Гаши е дипломатот кој денеска ги предаде на претседателот на Гвинеја Бисао, Хозе Мариа Ваз акредитивните писма како вонреден и ополномошен амбасадор на Косово во оваа земја, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, поткрепувајќи ја информацијата со фотографии од церемонијата во резиденцијата на Ваз.

– На церемонијата на предавањето на акредитивните писма, амбасадорот на Република Косово во Сенегал, придружуван од директорот во Министерството за надворешни работи Љулзим Мјеку, ги предаде акредитивните писма, како вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Косово во Република Гвинеја Бисао, со резиденција во Дакар (Сенегал), се вели во соопштението на косовското МНР.

Во него се нагласува и дека претседателот Ваз и амбасадорот Гаши се заложиле за продлабочување на сорбатоката на полињата од заеднички интерес, како и дека настанот бил покриен од медиумите во африканската држава.