Каруселот од плоштад се пресели во Аеродром


Барокната вртелешка, што стоеше на плоштадот „Македонија“, се пресели во општината Аеродром, во паркот кај авионот. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека каруселот ќе добие нова локација, бидејќи на постојната пречи за поминување од плоштадот кон Кејот.

Во проектот Скопје 2014 беше поставена уште една вртелешка, на плоштадот пред црквата „Света Богородица“. Таа воопшто не проработе, заради проблеми со приклучоците за струја.

За двата карусели, наменски изработени во барок стил, предходната власт плати над 340.000 евра.