Каменос: Русија и Грција можат да помогнат во решавање на прашањата на Балканот
Заедно можеме да помогнеме во решавање на проблемите кои го засегаат поширокиот регион на Балканот, рече министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, по средбата со неговиот руски колега Сергеј Шојгу.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за билатералните односи, прашањата поврзани со безбедноста во поширокиот регион на Блискиот Исток и Балканот, размениле мислења рускиот и грчкиот министер за одбрана на нивната вчерашна средба во Москва.
– Грција и Русија имаат традиционални односи и на безбедносно и на дипломатско поле. Оваа година одбележавме 190 години дипломатски односи. Ова значи дека двата народи, независно од меѓународната средина можат и се разбираат, можат и соработуваат меѓу себе, во корист на мирот, демократијата и во корист на народите на Русија и Грција. Делиме заеднички вредности, а особено преку православната вера. Заедно можеме да помогнеме во решавање на проблемите кои го засегаат поширокиот регион на Балканот, рече Каменос по средбата со Шојгу.
Каменос додаде дека со неговиот руски колега се согласиле да работат во следниот “за посетата на Русија на грчкиот премиер Алексис Ципрас на 7 декември и организирањето меѓуминистерски комитет, даможат да отоврат нова ера во грчко-руските односи”.