Казни за градежен шут
Градските комунални инспектори во рок од една недела изрекле шест казни за комунална хигиена. Три од казните се на физички лица за фрлање градежен шут, а две физички лица биле казнети поради палење оган на отворено. Од Град Скопје информираат дека во рамките на интензивираната контрола на градилиштата едно приватно лице било казнето поради нечисти возила од градилиште, неизмиени тркала и поставена церада заради контрола на прашината.
„Инспекциските служби целосно ги стопираа и активностите на три градилишта и истите ќе бидат стопирани се додека не обезбедат соодветни услови за работа“, информираат од Град Скопје.