Исчезната жена пронајдена удавена во Ресенско
Тело на жена е пронајдено вчера во водите на реката во селото Лева Река, во Ресен, соопшти МВР.
Телото е пронајдено вчера околу 7, 30 часот. Станува збор за Б. Ј. (1954) од селото Лева Река, која на 14 март била пријавена за исчезната.
Смртта ја констатирал доктор од ИМП од ЈЗУ-Ресен.
Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа на полициската стабица во Ресен. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.