Израелската полиција препорача покренување на обвинение против Нетанјаху
Полицијата, која го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му препорача на државниот обвинител тој да биде обвинет за корупција во два случаи, јавија денеска израелски медиуми.
Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто незаконско, неколку пати е испрашуван од почетокот на 2017 година. Конечната одлука за покренување на обвинение е на државниот обвинител.
Израелски медиуми јавуваат дека еден од двата случаи вклучува примање подароци од бизнисмени, а другиот е поврзан со разговорот на Нетанјаху со еден издавач на весници за ограничување на конкуренцијата во медиумскиот простор, во замена за позитивни известување за него.