Заев и Димитров во прегратка на Колинда
Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров го честитаа пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство во Русија. Тие ја прегрнаа хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, која облечена во националниот дрес, им даде поддршка на сонародниците на Самитот во НАТО во Брисел. Во нејзино отсуство, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ги бодреше „коцкестите“ на „Лужники“.
Китаровиќ беше главна на осминафиналниот и на четврфиналниот меч на Хрватска против Данска и Русија. Хрватска и Франција ќе играат од недела во 17 часот.