„Економист“: Албанија прва во светот по употреба на кокаин


Престижниот британски весник „Економист“ објави дека Албанија го зазема првото место во светот по употреба на кокаин во однос на бројот на населението.

Во репортажата под наслов „Зошто картелите профитираат“ се наведува дека борбата со дрогата се движи кон нова криза, а насилните нарко картели се борат за добивка од 320 милијарди долари годишно. Во целиот свет се смета дека има 18 милиони корисници на кокаин. Купопродажбата на наркотичните средства денес е многу лесна, како никогаш порано благодарение на интернетот.

– Велика Британија, Шпанија, Австралија и САД се земји каде најмногу се консумира кокаин. Но, најголемиот процент го држи Албанија каде 2,5 отсто од населението ја користи оваа дрога, заземајќи го прво место. Тоа е поради фактот што таа е значаен пат за трговијата со кокаин од Авганистан, наведува „Економист“ .

Според истиот извор, на кој се повикува албанската агенција Балкан веб, главните производители на кокаин се земјите во Јужна Америка. Колумбија е на 34 место за консумирање, но е производител и снабдувач на половина од количината на кокаин во светот.

– Килограм кокаин во џунглите на Колумбија чини околу 2.200 долари, додека во Мексико од 12.000 до 16.000 долари. Во Европа се движи од 53.000 до 55.000 долари по килограм. Организираните криминлани групи бараат нови транспортни патишта, додека обемот е зголемен повеќе од кога било. Исто така, се користат стари канабис канали и правци за транспорт на кокаин, посочува „Економист“.