Димитриевски: Ќе се постават спомен плочи на сите пријатели на Куманово
„Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот ‘Отворен и Затворен базен‘ да направиме парк кој ќе го наречеме ‘Парк на пријатели на Куманово‘. Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, а покрај неа спомен постамент на која ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата општина. Општина Куманово заедно со Советот ќе направи листа на пријатели, за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници. Граѓаните на Куманово треба да имаат пријатели, но уште поважно е тие пријателства да се негуваат и продлабочуваат“, појасни градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во соопштение објавено на општинската веб страницата во врска со написите во медиумите дека планира да изгради спомен облележје во чест на американската фирма „КБР“. Јавна тајна е дека благодарение на „КБР“, во последнава денеција илјадници кумановци заминуваат на работа во Ирак и Авганистан, при што е проценето дека од ангажманот, кумановци досега заработиле над 1 милијарда евра.