Двајца починати на полумаратонот во Велс


Две лица кои трчаа на полумаратонот во Кардиф, Велс, починаа по завршувањето на трката, соопшти организаторот на „Трчај за Велс“.

Според англиските медиуми смртта кај 20-годишниот и 30-годишниот тркач е застој на работа на срцето.

– Ова е огромна трагедија. Најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели. Сите оние кои учествуваа на трката се потресени, изјави за Би-Би-Си Мет Њуман, извршниот директор на хуманитарната организација „Трчаме за Велес“ (Рun 4 Wales).

Имињата на починатите не се објавени.