Грција продава пет отсто од акциите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ
Грчката Влада понуди на продажба пет проценти од државните акции во телекомуникациска компанија ОТЕ.
Продажбата на државниот имот е една од обврските што Грција ги презеде пред европските и меѓународните кредитори, со цел да ги добие потребните пакети финансиска помош.
Понудите треба да бидат доставени до 15 март. Оваа продажба е дел од третата програма за финансиска помош на Грција, која истекува во текот на летото.
Германскиот Дојче Телеком е најголемиот сопственик во ОТЕ.