Гламурозна розова забава за бебето на Клои Кардашијан
САД-Клои Кардашијан (33) е во 8-иот месец од бременоста и викендов заедно со најблиските го прослави доаѓањето на ќеркичката, која верува дека ќе биде најдобра другарка со ќерките на сестра и Ким- Чикаго и Сторми.
Забавата беше обоена во розово, со многу балони, цвеќиња, слатки работи, декорации и стилски аутфити.
Забавата се одржа во хотелот „Бел-ер“ во Лос Анџелес, а голем дел од фотките, идната мајка ги објави на Инстаграм.