Во Тирана затворена фабрика за месо поради нехигиенски услови
Фабрика за месо е затвроена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови.
Во полициската акција насловена „Rotten meat“ уапсен е жител на Косово, јавија албански медиуми. Уапсен е Арсим Чудрина (55) поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури.
Запелентото месо било опасно по здравјето на потрошувачите.
Месото било користено за производство на брза храна, продавана без фискални сметки, неприкажување профит и затајување данок, наведува албанската полиција.
Косовецот ќе одговара за „прикривање приходи“,„произвоство и продажба на храна и други производи опасни по здравјето“„нелегални вработувања“ и „измама на пазарот“.