Водата во Скопје нема да поскапи
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека водата во главниот град нема да поскапи и дека тоа нема да се случи се додека тој ја извршува функцијата градоначалник.
– Додека сум јас градоналчалник водата нема да поскапи поради политички одлуки на партизирани институции од минатото раководство. Ние со макотрпно раобтење ќе ги сервисираме потребите на јавното претпријатие – рече Шилегов, според кого фактите на регулаторите се неосновани.
Тој, всушност ја повлече од дневниот ред предлог одлуката за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење, за тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води и за утврдување на тарифата за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ за периодот од 2018 до 2020 година.
Д.Т.Д.