(Видео) Фановите на Мајкл Џексон: Лага е дека злоупотребувал деца


Фановите на поп-пејачот Мајкл Џексон одбиваат да поверуваат дека тој бил педофил кој ги злоупотребувал момчињата. Поради документарниот филм „Leaving Neverland” милиони луѓе ширум светот поверуваа сека кралот на попот навистина бил педофил, но неговите фанови одбиваат секаква помисла на тоа.
Неколку фан-клубови огласија се огласија по документарниот филм и сметаат дека еден детаљ по премиерата открил дека Вејд Робинсон и Џејмс Сајфчак лажат за сѐ што раскажале во четиричасовниот документарец.
Кога некој од публиката по премиерата прашал за реакцијата на нивните родители по сѐ што беше прикажано во филмот, тие двајца се погледнале и благо се насмевнале.
“Кој во таков момент би се смеел? Тоа треба да биде трауматично“, тврдат фановите на Џексон кои кралот на попот веќе со денови го бранат на интернет.