(ВИДЕО) Серена Вилијамс се соблече и запеа во кампања за борба против ракот на дојка
Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, ја изненади јавноста кога се појави во видеоспот и запеа без горниот дел од облеката.
Но зад таквата постапка се крие една приказна. Американката го направи тоа како најава за активностите за подигање на свеста на жените, како важен сегмент во борбата против ракот на дојката.
Вилијамс го објави видеото на својот инстаграм-профил. Таа е исто така дел од проектот „Се допирам себеси“, со кој се стимулираат жените да посветат внимание на своето здравје и да ги проверат своите гради.